Имено, според пријавата на родителот З.М., вчера околу пладне неговата 14-годишна ќерка која била во друштво со другари и другарки на улицата „Партизанска“ во близина на спортскиот центар била пресретната од возило комбе со охридски регистарски таблички, во кое се наоѓале М.П., Е..П. и нивната малолетна ќерка. Откако излегле од возилото, возрасните лица ја фатиле малолетничката и почнале да ја влечат за косата и да ја удираат со раце по телото. Потоа насилно ја внеле во багажниот од комбето и ја затвориле. Се свртеле кон останатите деца со намера уште едно од нив насилно да внесат во возилото, но во тој момент затворената малолетничка успеала да ја отвори вратата од комбето и избегала. По ова возачот го стартувал возилото и со голема брзина се упатил кон тротоарот со цел да ги прегази сите деца кои се движеле по него.
СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.