
Тие тврдат дека биле физчки нападнати од две помлади лица од Охрид поради нерасчистени сметки од времето кога двајцата биле на високи позиции во СВР Охрид.
Случајот попладнето бил пријавен во охридската полиција која го потврди инцидентот. Портрпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ни изјави дека лицата кои биле посочени дека го извршиле нападот врз полицајците ќе бидат повикани на информативен разговор и доколку се потврдат обвинувањата против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Гогоски и Наумоски се сомнмеват дека нивниот случај ќе биде правилно третиран затоа што како што тврдат, еден од напаѓачите од неодамна бил вработен во ДБК. Од МВР засега се воздржуваат од коментар за инцидентот. Советникот за односи со јавност во министерството, Иво Котески, ни изјави дека МВР ќе излезе со став откако ќе биде сослушана и другата страна.
ohridnews











