Неколкумина шумски полицајци и еден припадник на МВР се повредени во инцидентот што синоќа се случил во атарот на селото Велгошти.

Имено, синоќа  околу 19,10 часот во СВР-Охрид, А.Т.  од Охрид – вработен во шумска полиција, пријавил дека истиот ден во времето од 14,00 до 19,00 часот, тој и шумскиот полицаец М.П. од Охрид, вршеле служба на подрачјето на с.Велгошти, кај м.в.„Вишесла“. Околу 19,00 часот откако претходно го паркирале службеното ПМВ “Лада Нива“, попречувајќи го патот со цел да вршат контрола на возила кои доаѓаат од м.в.„Петрино“, пристигнал џип со охридски регистарски ознаки, во кое имало 6 непознати лица, кои веднаш излегле од возилото викајќи на висок тон и се упатиле кон нив со цел да го истуркаат службеното возило на Шумската полиција и да го превртат, при што биле упатени и навредливи зборови кон службените лица.

Во еден момент, едно од лицата кои дошле со џипот извадило пиштол, го репетирало и го вперило кон шумскиот полицаец. Останатите лица кои биле со него почнале да викаат тој да го тргне пиштолот, по што истиот се повлекол, Шумската полиција го тргнала возилото, а другите лица со џипот го напуштиле местото и се упатиле кон с.Велгошти.

Истиот ден, во 19,30 часот, шумските полицајци А.Т., М.П., Д.П., И.С. и Б.М., по завршувањето на службените задачи движејки се со службеното возило “Лада Нива“ кон с.Велгошти, во близина црквата „Св.Илија“, забележале дека патот е блокиран од околу 30-35 лица и паркирани 4 автомобили. Од толпата се издвоил Ѓ.К., се упатил кон возилото од пријавителите и со сила го отвори прозорот и вратата од возилото со намера  да го нападне А.Т. кој го управувал службеното возило. Возачот  го стратувал службеното возило и се упатил кон блокадата, успевајќи да избега, но притоа удрил во автомобил “Фиат Пунто“. Во тој момент групата граѓани почнале да фрлаат камења кон нив и нивното возило. Од страна на полицијата толпата била спречена во намерите.

При преземањето мерки во 22,25 часот, непознато лице од толпата со возило “Лада Нива“ со охридски таблици, со голема брзина се упатило кон полициските сили, но истите успеале да се тргнат од патот. При тоа биле оштетени службените возила на Шумаката полиција и на МВР,  при што со повреди се здобиле: М.П.(набиеница во пределот на градите), А.Т.(во пределот на левата натколеница), Д.П.(набиеница на лево потколено), Б.М.(набиеница на десно колено и лево рамо) и И.С.(повреда на рбетен столб), како и полицаецот Р.А.(расекотина и контузија на лева потколеница), соопшти МВР.

СВР-Охрид презема мерки за расчистување на настанот. 

OhridNews
извор: МВР