Утрово околу 6.15 часот, двајца вработени во РЕ „Јавна Хигиена“, додека ги извршувале своите секојдневни обврски, биле нападнати од страна на две непознати лица, информираат од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“.

Едниот работник бил нападнат на ул.„Никола Карев“ пред маркетот „Стоп Шоп“. Насилниците бегајќи го пресретнале и другиот работник, кој ги празнел корпите  за ситен отпад на ул.„Булевар Туристичка“ , во близина на охридската Гимназија, па го нападнале и него.

Вработените од силните удари се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Случајот е пријавен во СВР-Охрид.

OhridNews