Напаѓачот, кој со нож синоќа бодеше луѓе во центарот на Париз бил роден во 1997 година во руската Република Чеченија, соопштиле судски извори. Напаѓачот уби 29-годишен маж и рани четири други, пред да биде убиен од полицијата. Тој извикувал Алаху Акбар, изјавиле сведоци на настанот. Исламска држава подоцна соопшти дека еден од нејзините војници го извел нападот.

Судските извори потврдиле за француските медиуми дека напаѓачот немал криминално досие и дека неговите родители биле задржани во полиција на разговор. Друг извор пак за Ројтерс рекол дека напаѓачот не и бил познат на полицијата од претходно.