Напаѓачот на Сатеска, Никола Секулоски доминатно со вкупно 21 погодок и прво место на листата стрелци ја заврши есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Левоногиот фудбалер во просек постигнува по 1,5 гола на натпревар и слободно може да се заклучи дека тој е двигател на одличната полусезона на еден од трите охридски преставници во третолигашкото друштво.
На втората позиција на листата на стрелци се наоѓа членот на Караорман, Ивица Келешоски кој има 15 погодоци, а еден помалку има капитенот на Преспа, Нико Пластиноски. Најдобрите пет стрелци во Третата ги комплетираат Љубен Далчев (Охрид) и Меритон Мерко (Кораб) кои имаат по 12 погодоци.
Првата полусезона прв низ целта ја мина тимот на Кораб, додека на втората позиција финишираше Кравари, потоа следуваат Фљамуртари, Караорман, Сатеска, Охрид и другите.
OhridNews