Каде „исчезна“ речиси четвртина од популацијата помеѓу двата пописи во Охрид? Зошто заминуваат младите од Охрид? Кој и зошто упорно турка обратни процеси во нашето општество кое го „красат“ лошо образование кое штанца дипломи, а не продуцира знаење, руиниранио здравство, неефикасно судство, целосно компромитиран систем?

Одговорите ги бараме во првото издание на специјализираната емисија „Напладне“ со Адријана Митевска. Гостин во студиото на OhridNews е универзитетскиот професор Рубин Земон.

OhridNews