Насилството не е секогаш видливо преку модринки. Тоа често е во тишината, во стравот, во контролата и во зборовите кои ја убиваат самодовербата. Наместо да го вртиме погледот на другата страна, време е да ги препознаеме знаците и да понудиме поддршка. Физичко, психичко, економско или сексуално – ниеден облик на насилство не е оправдан.

​Според податоците, голем дел од жртвите со години го трпат насилството пред да го направат првиот чекор. Зошто е тоа така? Дали е тоа страв од одмазда, страв од осуда од околината или можеби недоверба во институциите? Што се случува во умот на една личност кога домот, кој треба да биде засолниште, ќе стане место на несигурност?!

Во новото издание на “Напладне” со Јасмина Јовческа психолог/гешталт психотерапевт зборуваме за семејното насилство, но не само низ призмата на статистиката, туку низ призмата на она што е најтешко да се надмине – стравот.

OhridNews