Секојдневната ангажираност и посветеност на Р.Е. Водовод Охрид како јавен сервис во службата на граѓаните вроди со плод и враќање на довербата на потрошувачите, велат од јавното претпријатие.

– Зголемените активности на полето на наплатата резултираа со зголемување на процентот на овогодишната наплата за 21,31% во споредба со минатата година, а ќе продолжат да се применуваат и на полето на фактурирање и контрола на работењето во оваа 2014 година, потенцираат од Водовод- Охрид.

Оттаму, додаваат дека понатамошниот принцип на работа со дефинирани правилници, процедури за работа т.е со јасни права и обврски на вработените во наплатната служба, засновани на искуство и анализи на работењето во затекнатите услови на недостаток на пишани задолженија и процедури од изминатиот период, ќе продолжи и во 2014 година.

– Менаџментот на Р.Е Водовод Охрид во рамките на комплементарните мерки воведува пишани правила за начинот на работењето на наплатните служби за подобрување на фактурирањето и наплатата претпријатието. Сите правила и наредби кои се донесени во изминатите 6 месеци по служби ќе бидат сублимирани во целосен Правилник за работа на наплатната служба, велат од претпријатието.

Од Водовод Охрид изразуваат благодарност до општинските органи, за дадената помош од страна на комуналните инспектори во поглед на решавање на прашањето со дивоприклучените потрошувачи кои веќе еднаш биле исклучени од системот за водоснабдување и потенцираат дека соработката ќе продолжи и во наредниот период.

OhridNews