Ј.П.”Охридски Комуналец” со цел да им излезе во пресрет на големиот број корисници на станови чие постојано живеалиште е надвор од територијата на Општина Охрид, во саботите воведе дежурни служби во наплатниот центар кој е лоциран во зградата на Градскиот пазар со работно време од 07.00 часот- 20.00 часот.

Тука граѓаните можат да извршат увид во нивната фактичка состојба на задолжени и неплатени сметки по основ на услугата подигање, транспорт и депонирање на отпадот.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за ажурно и навремено подмирување на сметките кон претпријатието.

– Во спротивно ќе бидеме приморани за наплата на долгот со реализирање на извршување по тужби, со што покрај главниот долг, каматата и парничните трошоци, оние кои редовно не ги плаќаат сметките ќе бидеат изложени и на дополнителни трошоци за спроведеното извршување, велат од Јп Комуналец.

Ohridnews