Екипата на Наполи без капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев славеше убедлив триумф 5-1 над Пескара во воведниот меч од неделната програма.


Враќањето на Пандев, кој ја лечи повредата на глуждот беше предвидено за дуелот со Пескара, но сеуште не е 100% подготвен да се најде во составот на тренерот Валтер Мацари.

По два пати мрежата на Пескара ја погодија Кавани и Инлер додека петтиот погодок беше дело на Хамшик. Почесниот гол за гостите го постигна Бјарнасон.

Резултати : Наполи – Пескара 5-1, Болоња – Аталанта 2-1, Џенова – Киево 2-4, Лацио – Парма 2-1, Интер – Палермо 1-0, Сиена – Рома 1-3, Удинезе – Каљари 4-1, Фиорентина – Сампдорија.

Табела : Јувентус 35, Наполи 33, Интер 31, Лацио 29. . .

Мх.П.