Екипата на Наполи прокнижи нови три бода на гостувањето кај Каљари откако славеше со минимални 1-0. “Азурите“ долго време бараа начин да го скршат бедемот пред голот на Каљари. Тоа му успеа на Словакот Марек Хамшик во 73-та минута од мечот.


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев поради повреда го пропушти натпреварот со Каљари.

“Нероазурите“ претрпеа пораз на гостувањето кај Парма 1-0 и ја прокоцкаа шанста да се доближат до лидерот на табелата Јувентус. Сансоне во 75-та со удар од далечина го “реши“ Интер и донесе вредни три бода за “млекарите“.

Мх.П.