Лидерот во италијанската Серија А, Јувентус го положи оружјето на „Сан Паоло“ претрпувајќи пораз од Наполи 2-0 во дербито на 31-та рунда.
Погодоците за „азурите“ за триумф над „старата дама“ ги постигна Калјехон и Мертенс по асистенција на македонскиот интернационалец Горан Пандев.
Со победата над актуелниот и идниот првак во Серија А фудбалерите на Наполи го заверија настапот во Лигата на Шампиони следната сезона.
Пред четвртопласираната Фиорентина имаат предност 12 бодови на седум кола до крајот.
Мх.П.