Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и екипата на Наполи со победата (1-2) на гостувањето во Парма се вратија во игра за титулата во Серија А.


По ремито на италијанскиот првак Јувентус на домашен терен против Џенова, Наполи ја стопи разликата и сега изнесува три бодови.

Словенечкиот интернационалец Хамшик погоди за предност на “азурите“, на 1-1 израмни Сансоне додека трите бодови за Наполи го донесе Кавани со 18-от гол во сезоната.

Македонскиот репрезентативец Пандев во мечот “млекарите“ одигра солидни 66 минути кога на негово место во игра влезе Инсигне.

Резултати : Парма – Наполи 1-2, Аталанта – Милан 0-1, Катанија – Фиорентина 2-1, Сампдорија – Пескара 6-0, Каљари – Палермо 1-1, Удинезе – Сиена 1-0, Интер – Торино 2-2.

Табела : Јувентус 49, Наполи 46, Лацио 43, Интер 40…

Мх.П.