“Азурите“ и Горан Пандев го држат чекорот со Јувентус откако триумфираа на есктра тешкото гостување кај Сампдорија со минимални 1-0. Стрелец на погодок за “азурите“ беше уругваецот Едисон Кавани од пенал во 67-та минута.


Капитенот на македонската репрезентацијата Пандев во победа на Наполи одигра 65 минута, на негово место влезе Инсигне.

Резултати : Удинезе – Џенова 0-0, Сампдорија – Наполи 0-1, Аталанта – Торино 1-5, Болоња – Катанија 4-0, Каљари – Пескара 1-2, Лацио – Сиена 2-1, Палермо – Киево 4-1, Интер – Фиорентина 20:45 часот.

Табела : Јувентус 16 бодови, Наполи 16, Лацио 12, Сампдорија 10, Интер 9. . .

Мх.П.