Македонскиот репрезентативец Горан Пандев и екипата на Наполи стигнаа до лесен триумф 3-0 на домашен терен над Палермо.


Трите погодоци за “азурите“ беа на три различни фудбалери. Прв мрежата ја начна Маџо во 30-та, четири минути подоцна предноста ја дуплираше Инлер додека конечните 3-0 ги постави Инсигне.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев одигра солидни 68 минути, кога беше заменот со стрелецот на третиот гол Инсигне.

Резултати : Наполи – Палермо 3-0, Торино – Сиена 3-2, Каљари – Џенова 2-1, Катанија – Рома 1-0, Лацио – Аталанта 2-0, Парма – Јувентус 1-1, Удинезе – Фиорентина 3-1, Сампдорија – Милан 20:45.

Табела : Јувентус 45, Лацио 42, Наполи 40, Интер 39, Фиорентина 35.. . .

Мх.П.