Во последниот натпревар од 17-та рунда во Серија А, Наполи претрпе неочекуван пораз од Болоња на домашен терен 3-2.


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го одигра второто полувреме во поразот од Болоња.

Лидерот во Серија А, Јувентус прокнижи нови три бода победувајќи ја Аталанта со 3-1. Победа пред своите гледачи славеше и екипата на Милан над Пескара со 4-1.


“Росонерите“ со оваа победа стигнаа до четвртата во низа додека “Старата дама“ го искористи поразот на Интер од Лацио да се одлепи на седум бодови на табелата.

Резултати : Лацио – Интер 1-0, Удинезе – Палермо 1-1, Милан – Пескара 4-1, Јувентус – Аталанта 3-1, Киево – Рома 1-0, Парма – Каљари 4-1, Фиорентина – Сиена 4-1, Џенова – Торино 1-1, Катанија – Сампдорија 3-1, Наполи – Болоња 2-3

Табела : Јувентус 41, Интер 34, Наполи 33 , Лацио 33, Фиорентина 32….

Мх.П.