Италијанскиот калчолигаш Наполи крена раце од трансфер на Един Џеко во Неапол. Оваа информација ја соопштија италијанските медиуми, а ја потврди претседателот на Наполи, Де Лаурентис.

Босанскиот репрезентативец се најавуваше како големо засилување на Наполи, но прво „азурите“ сакаат да се ослободат од Едисон Кавани па да ангажираат нови фудбалери.

Цената која ја постави Наполи за трансфер на Кавани изнесува неверојатни 63 милиони евра.

Мх.П.