Италијанскиот фудбалски сојуз ја уважи жалбата на Наполи и му ги врати
двата бода, кои му ги одзема за обид за местење на натпревар во аферата
“Calcioscommesse”, јавија италијанските медиуми.

Ослободени од одговорност се и капитенот Паоло Канаваро и Џанлука Грава,
кои првобитно беа суспендирани на шест месеци, бидејќи не им пријавиле
на надлежните органи дека имало обид за местење на натпревар. Тие можат
сега повторно да играат.

На поранешниот голман на Наполи Матео Ѓинели, кој беше посочен како
главен актер во местењето на натпреварот Сампдорија-Наполи, одиграна во
мај 2010 година, казната му е намалена од три години на 21 месец
суспензија.

По најновата одлука на Италијанскиот фудбалски сојуз, тимот на Горан
Пандев се најде на второто место на табелата со 42 бода, колку што има и
Лацио, но римјаните имаат послаба гол разлика. Прв е Јувентус со 45
бода.

“Макфакс“