Фудбалерите на Наполи, Паоло Канаваро и Џанлука Грава се суспендирани шест месеци додека “азурите“ се казнети со одземање на два бодови за мечот со Сампдорија, кој беше под истрага за местење.

Поранешниот голман Везув Матео Џанело на судењето рекол дека некои непознати луѓе во 2010-та година им понудиле пари на Канаваро и Грава да го наместат натпреварот со Сампдорија.

Канаваро и Грава одбиле да ја потврдат изјава на голманот Џанело, кој е суспендиран три години и три месеци од фудбалот.

Победата на тој меч Сампдорија ја однесе на 4-та позиција на табелата во Серија А и играше квалификации во Лигата на Шампиони.

Мх.П.