Тимот на охриѓанецот Драган Бочески, Напредок го совлада Охрид со 2-1 во натпревар од подготовките. Охриѓани први дојдоа во предност во раната фаза на мечот со прекрасниот гол на Џалески по комбинацијата на Клечкароски и Далчески.
“Рибарите“ имаа предност се до средината на вториот дел кога Главески ја искористи невнимателноста на комплетната охридска одбрана и го изедначи резултатот. Истиот фудблаер во финишот на мечот по втор пат ја затресе мрежата на Бубоња, постигнувајќи го конечниот резултат.
За Охрид ова беше прв пораз во подготвителниот период, наредната тест средба ќа ја имаат в недела против вицепрвакот Металруг.
М.П.