– Охрид ни е наша база тука ќе ја одработиме втората и најјаката фаза во подготовките. Потоа ќе одиграме неколку пријателски натпревари и подготвени ќе го пречекаме стартот на шампионатот – истакна Драган Бочески.
Екипата на Напредок не претрпе некои поголеми измени во составот во зимскиот преоден рок. Од стројот заминаа најдобриот стрелец Марко Симоновски и дефанзивецот Никанчевски додека се засилија со Христијан Димовски и Филип Мирчевски. Покрај големиот интерес за охриѓанецот Ристе Марковски, тој реши до крај да го одработи договорот со Напредок.
– Не претрпивме некои посериозни измени во составот, успеавме да го задржиме костурот на тимот. Целта останува иста да продолжиме каде што застанавме во првата полусезона и да го одведеме Напредок до најуспешната сезона во својата историја – заврши Бочески.
Кичевачани во првата контролна во Охрид ги совладаа “рибарите“ со убедливи 5-0, на 7 февруари ќе играат против Дрита, а на 10 ќе се сретнат со Силекс.