Брегалница и Напредок дома, Ренова и Работнички на гости прокнижија нови три бода во 15 рунда од Првата Македонска фудбалска лига.


Напредок во Кичево , благодарение на голот Наумовски во 12 минута го победи Силекс минимално со 1-0,по третиот последователен триумф избраниците на Драган Бочески се искачија на третата позиција на табелата.

Брегалница славеше на домашен терен петти пат во низа, жртва овај пат беше битолски Пелистер со 2-0. Актуелниот првак Ренова со цел плен се врати од гостувањето кај Скопје. Мечот кој го водеше охриѓанецот Марјан Ецкоски заврши со два црвени картони за “гипасарите“ но со триумф од пенал во 82 минута.

Работнички им се врати на победите, откако минимално со 1-0 го совладат Тетекс. Стрелец на одлучувачкиот гол беше Петриќ во 51 минута.

Утре играат: Вардар – Х.Турново и Шкедија – Металург

Резултати: Брегалница – Пелистер 2-0, Тетекс – Работнички 0-1, Напредок – Силекс 1-0, Скопје – Ренова 0-1.

Табела:

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 РЕН Ренова

15  17:8  28 
2 ШКЕ Шкeндијa

14  22:8  25 
3 НАП Нaпредок

15  17:14  24 
4 МЕТ Металург

14  16:9  23 
5 ТЕТ Тетекс

15  15:10  23 
6 РАБ Рaботнички

15  17:14  23 
7 ХОР Хоризонт Турново

14  16:14  22 
8 БРЕ Брегалница 2008

15  15:18  22 
9 СКО Скoпje

15  11:11  19 
10 СИЛ Силекс

15  15:19  19 
11 ПЕЛ Пелистер

15  11  8:28 
12 ВАР Вардар

14  11  9:25 

Наредно коло: Пелистер – Вардар, Х.Турново – Скопје, Ренова – Напредок, Силекс – Шкендија, Металург – Тетекс, Работнички – Брегалница

М.П.