Фудбалерите на Охрид 2004 претрпеа убедлив пораз 5-0 на контролната средба од прволигашот Напредок предводен од охриѓанецот Драган Бочески на клупата.


Кичевачни од пред неколку дена го заменија “студеното“ Кичево со Охрид, каде ќе ја брусат формата за пролетниот дел од сезоната.

За “рибарите“ ова беше прв пријателски натпревар во зимската пауза, а до почетокот на пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига остануваат уште два месеци за подготовка и обезбедување на опстанок.

Мх.П.