Фудбалерите на Силекс по двете победи над второлигашите Корзо односно 11 Октовмри прв пат во Охрид на мегдан излезе со член од македонската фудбалска елита. Со головите на Николче Ѓоргиев во првиот дел кратовчани го совладаа кичевски Напредок 2-0.

Во текот на мечот кичевчани беа тие кои го диктираа темпото на игра, но никако неможеа да го најдат патот до противничката мрежа. Втор натпревар во низа како поранешната охридска деветка Игор Клечкароски место на теренот, поради повреда мечот го проследи од трибините.

– Влегуваме во позитивна серија од добри резултати. На мечот против Напредок видов доста добри работи и ако вака продолжиме да играме понатаму опстанокот во Првата лига нема да биде доведен под знаш прашалник – истакна Небошја Петровиќ тренерот на Силекс.

– Одигравме прав првенствен меч против тимот на Силекс, тие беа подобри затоа и заслужено победија. Во првиот дел пробавме некои нови варијанти, а во вториот дел им дадов шанса на сите фудбалери – потенцираше Бочески, тренер на екипата на Напредок од Кичево.

Напредок со пораз се прости од Охрид додека Силекс наредниот контролен натпревар го игра во вторник против екипата на БСК Борча.

Мх.П.