Кичевски Напредок со чисти 3-0 го совлада Охрид во последниот меч од вториот круг во Првата МФЛ. Охриѓани парираа во првите 45 минути кога и не ги искористија најдобрите шанси за погодок. Првата можност за погодок ја имаше Ѓуровиќ но шутираше непрецизно. Најзрелата прилика за охриѓани ја имаше Блажевски но Пашовски со бравузорна парада го сочува својот гол.


Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески во вториот дел заигра поангажирано, а во голема мера работата им ја олесна одбраната на  “рибарите“. Во 47-та минута, фудбалерите на Охрид подзаборавија на Симјаноски кој шутираше, а топката го закачи Стефановиќ доволно да заврши зад грбот на Бубоња.


Примениот погодок психички ја разниша екипата на Охрид. Се играше 70-та минута Напредок преку Главески го дуплираше водството. Кичевската “деветка“ Цветаноски, одлично со глава спушти до робусниот напаѓач  Главевски кој по втор пат ја затресе мрежата на охриѓани.

Со серија измени Михајлов внесе свежа крв во екипата, нововлезениот Дејкоски по нафрлената топка на Клечкароски биеше со глава но покрај голот на Зердески. Повторно Дејкоски беше во шанса но овој стативата беше сојузник на Напредок.


Непишаното правило ги стигна охриѓани, точка на лошиот ден стави голманот Бубоња кој го фаулираше Главески во казнетиот простор, Темелков без размислување покажа на белата точка. Сигурен егзекутор беше поранешниот фудбалер на “рибарите“ Степаноски.

Охрид 2004 по поразот од Напредок, влезе во мини криза откако во претходното коло на домашен терен претрпи пораз од Работнички.

Мх.П.