На 28-ми овој месец, во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се оддржи концертот „Радост моја, Христос Воскресе“.
Во музичкиот проект ќе учестува составот „Портал“, Ангеле Михајловски на пиано, Сашко Петрев на тамбура, Стојанче Наумовски на вилончело, како и Елена Владимирова и Драгана Трифуновиќ на виолина.
Специјален гостин на концертот ќе биде актерот и рецитатор Раде Рогожаров, а автор на проектот е м-р Марјан Јанкоски.
OhridNews