Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во понеделник времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови. Максималната температура ќе биде од 6 до 14 степени.

Во вторник не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе биде од 12 до 16 степени.

Во среда, претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветар од југозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 13 до 18 степени.

OhridNews