Седмицата што следува, времето во Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено во текот на првите четири дена, најавуваат метеоролозите. Дневната температура ќе биде од 0 до 2, а минималната од -6 до -3 степени.

До петок ќе дува засилен ветар од западна страна, чиј интензитет ќе биде послаб за време на викендот.

OhridNews