Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, денес, во попладневните часови не очекува нестабилно време со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 19 до 27 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Во вторник и среда не очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Во четврток претпладне ќе биде со сончеви периоди, а попладне променливо облачно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе биде од 14 до 17 степени, а минималната од 6 до 8.

OhridNews