Според прогнозите на синоптичарите, наредните неколку дена времето во Охрид ќе биде сончево, со умерена облачност и постудено, со температури под нулата.


Ќе дува ветер од североисточен правец. Максималната температура во текот на утрешниот ден ќе се движи околу четвртиот степен, а минималната до -9. Студено време не очекува и во вторник кога максималната дневна температура ќе биде еден степен под нулата, а минималната ќе се спушти и до -11 степени.

Од четрток се предвидува благо покачување на температурата и врнежи од дожд.

OhridNews