Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови не очекува потопло и стабилно време.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец. УВ=8

Во текот на викендот ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во земјава ќе биде од 28 до 33 степени.

Во Охрид дневната температура ќе биде 27 степени,а минималната од 13 до 15 степени.

OhridNews