Во врска со посетата на  земјава и на Охрид, на Претседателот на Република Руанда, неговата екселенција Паул Кагаме и средбата што на 1- ви и 2- ри април ќе ја има со македонскиот државен врв,   Секторот за внатрешни работи Охрид, информира дека ќе ги преземе сите неопходни оперативно-тактички мерки заради безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности.
    
Заради безбедно движење на делегацијата и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообракајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот.

СВР Охрид,  презема интензивни мерки за сообраќајно обезбедување преку писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка„ но и во стариот дел од градот, каде Претседателот на Република Руанда и членовите на  делегација ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на Охрид. На овој, но и на неколку други сообраќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е и отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила, како и на оставени предмети од сообраќајните површини.

– Имајќи го во вид значењето на посетата на високата делегација од Република Руанда, до граѓаните апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, велат од СВР- Охрид.

OhridNews