Наредните два дена ќе се спроведе акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема (стари тастатури, монитори, компјутери, телевизори, апарати за домаќинство). Овој отпад спаѓа во посебни видови на опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад. Ќе го подигне и третира фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ има соодветна дозвола.

Акцијата ќе се спроведе во понеделник и вторник , во периодот од 10 до 18 часот на три локации : Полигон за мали спортови на улица„Партизанска“ кај ресторан Европа, Плато кај стадионот Грашница (Воска), Просторот пред продавницата за акумулатори „АКУМА ТРЕЈД“ на патот за село Лескоец во близина на Леарницата.

Акцијата е во организација на Општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина.

OhridNews