Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, од Центар за јавно здравје Охрид информираат дека на 5-ти и 6-ти септемвр, ќе спроведе системска дератизација  во делови од градот.

Дератизација ќе се спроведе во стариот дел на градот, населбата „Билјанини извори“, „ Гоце Делчев“, Воска и Даљан како и по булеварот „Туристичка“, улиците „Питу Гули“, „ Железничка“,„Јане Сандански“, „ 7ми Ноември“,„ Марко Нестороски“, „Кеј Маршал Тито“,„ Македонски просветители“, „ Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“.

OhridNews