Министерот за образование Панче Кралев упати препорака до локалните самоуправи да извршат правилна проценка дали постојат соодветни услови за изведување на наставата во училиштата и согласно тоа да одлучат- дали наставата ќе се прекине, ќе се одвива со скратени часови или пак редовно ќе се изведува.

Поради лошите временски услови очекуваме да се зголеми бројот на општини кои донеле одлука за прекин на наставата. Од наша страна можеме да дадеме само препорака до општините, со оглед дека во секоја од нив има различни услови во кои се изведува наставата, а станува збор и за часови кои подоцна ќе мора да се одработаат. На локалните смаоуправи и градоначалниците останува да донесат одлука, а ние ќе ги почитуваме се со цел да се минимализираат ефектите од студеното време и ниски температури, рече министерот Кралев.

Од охридската локална самоуправа информираат дека согласно препораката, донесена е одлука наставата во сите основни и средни училишта во општина Охрид, во текот на наредните неколку дена  да се изведува со скратени часови. До кога- ќе зависи од временските услови.

Засега, во 28 општини, односно во 109 основни и 15 средни училишта низ земјава наставата е во прекин, а во голем број се изведува со скратени часови.