СВР Охрид, против Х.Б. (22) од Охрид, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „Разбојништво„, како и против И.З.(53) за помагање во извршувањето на кривичното дело.   Пријавениот Х.Б. на 1- ви март годинава, околу 04 часот, во близина на поранешните канцеларии на МРТВ,  пресретнал двајца охриѓани на кои претставувајќи им се дека е од полиција, им извадил нож, по што им кажал дека треба да им изврши претрес.

Пријавениот Х.Б. под закана со нож, побарал од двете лица  да извадат се што имаат по џебовите, а кон еден од нив упатил сериозни закани врз неговиот живот. Истиот извадил еден мобилен телефон, по што Х.Б. му го одзел  и паричникот со 500 денари.


За кратко време, двете пријавени лица се пронајдени и при преглед, полициските службеници кај Х.Б. пронашле нож со преклоп со метална рачка и сечиво од 7 сантиметри додека кај И.З. кој со умисла помагал во извршувањето на разбојништвото и го прикрил средството со кое е извршено кривичното дело,  пронајден е еден бодеж со должина од 15 сантиметри.     

Инаку, пријавените, се познати наркозависници и извршители на казнени дела, против кои, досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави. Минатиот месец, СВР Охрид изврши претрес во домот на Х.Б. пронајде опојна дрога хероин и  против него поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

OhridNews