На 34. Меѓународен фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица вечерва пристигнува моќната сценска приказна „Парите се отепувачка“, во адаптација и режија на Андреј Цветановски, во изведба на Народен Театар Охрид.

Класиката на Ристо Крле добива нов, современ театарски здив – приказна што и денес болно точно прашува: што сме подготвени да жртвуваме за пари и печалба?

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски го игра Софре.

Претставата ќе биде изведена со почеток во 22:00 часот

OhridNews