На 34. Меѓународен фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица вечерва пристигнува моќната сценска приказна „Парите се отепувачка“, во адаптација и режија на Андреј Цветановски, во изведба на Народен Театар Охрид.

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски го игра Софре.

OhridNews










