Народен театар Охрид со “Малограѓанска Свадба” денеска на “Чернодрински”
08.06.13 12:24
Народниот театар од Охрид и денеска ќе учествува на реномираниот македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп кој се одржува по 48-ми пат.
Охридскиот театар ќе настапи со претставата “Малограѓанска Свадба” од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски. Учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел Чуркоски – клавир, Ѓоко Алоски – труба и хармоника и Даниел Танески – кларинет. Инспициент и организатор е Филип Ангеличин – Жура, а останатиот дел од екипата се: Владо Ѓорески – Рафик сценограф, Благој Мицевски костимограф, Зоран Левески светло мајстор, изработка на сценографија Предраг Јовановиќ-Бато и Номче Џулески, Борис Велјаноски реквизитер и Деса Лазоровска гардеробер.
Претставата “Малограѓанска Свадба” влегува во официјалната програма на фестивалот во конкуренција со најдобрите претстави од останатите театри за минатата година.
Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” е востановен 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.