Во рамките на „Вевчанско лето 2026“ во среда, 15 јули, Народен театар Охрид ќе ја изведе театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.

Претставата ќе биде изведена со почеток во 20:00 часот во Домот на култура – Вевчани.

OhridNews