По повод 2-ри Август, Илинден, партиска делегација предводено од претседателот на ВМРО-Народна партија Марјан Додовски присуствуваше во Охридско – струшкиот регион. Покрај посетите на Струга и Вевчани,  вечерта на 1-август во очи големиот македонски празник Илинден, претседателот Додовски, заедно со членот на Извршниот комитет на партијата и претседател на ОК на ВМРО НП во Охрид Ванчо Костоски, со потпретседателот на О.К. – Охрид Венко Калачоски и  бројни членови присуствуваа на свеченоста во Велгошти, по повод традиционалното одбележување на Илинден, каде присуствуваа делегации на општината Охрид, претставници на други партии, организации и граѓани.


OhridNews