Под мотото „Играме заедно“, по повод Денот на Европа,  попладнево на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ се оддржа фолклорен концерт.

 На концертот кој го проследија голем број охриѓани и гости кои престојуваат во градот, освен  ансамблот за народни песни и игри „Бисери“ кој се јавува како организатор, настапија и ФА ,,Филиграни”, КУД ,,Ѓердан”, КУД ,,Охриѓанка”,  КУД ,,Лакочерај”, Ансамбал ,,Билјана”.

Гости на концертот беа и членовите на културно-уметничкото друштво „Зета“ од Црна Гора и солистот Петар Нечовски.

OhridNews