Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а учевствуваат актерите: Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ – Еми,жената, Стрезо Стаматовски – нејзиниот маж и Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Музиката е на Горан Трајкоски, свират Даниел Чуркоски – клавир, Ѓоко Алоски – труба и хармоника и Даниел Танески – кларинет. Инспициент и организатор е Филип Ангеличин – Жура, а останатиот дел од екипата се: Владо Ѓорески – Рафик сценограф, Благој Мицевски костимограф, Зоран Левески светло мајстор, изработка на сценографија Предраг Јовановиќ-Бато и Номче Џулески, Борис Велјаноски реквизитер и Деса Лазоровска гардеробер.
Претставата за која веќе се распродадени картите, започнува од 20:30 часот.