Полицијата информираше за нарушувањер на јавниот ред и мир на булевар „Туристичка“ во Охрид.

На 07.02.2022 година во 17.30 часот пред угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид нарушен   е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 41 годишно лице, 63 годишно  и 58 годишно лице,  сите од Охрид. Против нарушителите  ќе биде поднесена соодветна пријава, иформираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Во друг одвоен случај поднесена е кривична пријава за кривично дело „ насилство“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од Охрид. Тој, на 19.01.2022 година во угостителски објект во Охрид физички нападнал Охриѓанец, по што, надвор од објектот извршил оштетување на патничко моторно возило „Опел Инсигниа“. 

OhridNews