На 11-годишнината од терористичките напади на САД, НАСА објави сателитски фотографии снимени од вселената кои сведочат за стравичниот чин. Едната ја снимил сателитот Landsat 7, а другата била направена од Меѓународната вселенска станица.


-Страшно е да се види чад кој како рана се издигнува од вашите домови и тоа од вакво место. Од една страна вие во вселената сте посветени кон подобрување на животот на Земјата, а од друга страна гледате како некој тој живот го уништува со стравичен чин. Тоа влијае на вашата психа, без оглед кој сте.-изјави Френк Робертсон, заповедник на Меѓународната вселенска станица.


Во терористичките напади на САД животот го загубија 3000 лица.

OhridNews