NASA Space Apps Challenge е насловен дводневниот настан за програмирање и иновативно размислување, кој ќе се одржува на 10 и 11 април во Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Според организаторите, овој настан ќе придонесе за развој на иновативни решенија за проблеми со кои се соочува вселенската агенција НАСА.
-Се очекува настанот да ги привлече само најдобрите програмери, графички дизајнери и хардверски ентузијасти во натпревар на знаења. Овој настан е поддржан од NewMans Business Accelerator, единствениот акцелератор за поттикнување активизам кај младите во Македонија и регионот, велат организаторите.
Тие објаснуваат дека овој настан е една голема шанса за истакнување на младите од Охрид, но и за промоција и афирмација на нашиот град.
-Целта е да докажеме дека нашата држава и град има потенцијал за решавање на проблеми кои го засегаат светот. Наша заложба е овој настан да биде организиран за да обезбеди пријатна атмосфера за создавање на идеи и решенија на младите ентузијасти, кои ќе одговорат на проблемите со кои се соочува вселенската агенција НАСА, потенцираат организаторите.
Повеќе информации за овој настан може да се добијат на интернационалната страница: https://2015.spaceappschallenge.org/location/ohrid/ и европската страница: http://spaceappschallenge.eu/.
OhridNews














