Битлси од утре ќе станат универзално популарни во вистинска смисла на зборот, откако НАСА ќе почне да ја емитира нивната песна “Across the Universe” кон другиот крај на соѕвездието, до ѕвездата Северница.

Првото емитирање на некоја песна од страна на НАСА во далечниот космос е потикнато од носталгијата, но и како одбележување на 40-годишницата од настанувањето на песната, 45-години од  Мрежата за далечен космос на НАСА која е задолжена за комуникација со најодалечените тела, како и 50-годишнина од самата НАСА. 

„Пренесете им ја мојата љубов на сите вонземјани преку зборовите- Ви посакувам се најдобро“ изјавил Пол Макартни кој ја напишал песната  “Across the Universe” заедно со Џон Ленон.  Иако песната ќе патува со брзината на светлината, ќе бидат потребни дури 431 година за да стигне до конечното одредиште, бидејќи ѕвездата Северница е одалечена од Земјата 4 квадрилиони километри.

НАСА оригиналната верзија на песната, долга неполни четири минути, ќе ја емитира во дигитален запис утре попладне преку својата голема антена во Мадрид.

За да се оствари целиот проект, потребна била согласност од Пол Макартни, Јоко Оно и две големи компании кои располагаат со правата за музиката на Битлси. Една од нив- Аппле радо ја одобрила оваа замисла затоа што „ отсекогаш биле заинтересирани за нови пазари“.

ohridnews