Поради настанат дефект на главната водоводна линија до 15ч. прекин во снабдувањето со вода ќе има во населба Св.Стефан, како и на потегот од населба Коњско до с. Пештани, соопшти „Проаква“.
Екипите на МЈП-Проаква ќе вршат интервенција на водоводната линија и во с.Велгошти каде исто така до 15ч. ќе има прекин во водоснабдувањето.












