Македонскиот женски фудбалски шампион во Струмица ја забележа првата победа на квалификацискиот турнир за елиминациската рунда од Лигата на шампионките.


Минимално со 1-0 во допадлива и борбена игра екипата на Наше Такси го совлада грчкиот шампион ПАОК со голот на Ленче Андреевска во 42. минута. Со оваа победа нашите шампионки ширум ги отворија вратите кон следната рунда за што им е потребна убедлива победа во последната рунда со молдавскиот Голиадор кој загуби убедливо со 7-0 од екипата на Јанг Бојс.

Табела
Јанг Бојс 6
Наше Такси 3
ПАОК 3
Голиадор 0

Последно коло , вторник 16.08
Наше Такси – Голиадор 17ч. Турново
Јанг Бојс – ПАОК 17ч. Струмица

Ohridnews